Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕ СЕ ЗНАЕ ЧИЈ Е: Залутан проектил погоди болница во Египет

(ВИДЕО) НЕ СЕ ЗНАЕ ЧИЈ Е: Залутан  проектил погоди болница во Египет

Залутан  проектил погоди болница во Египет.

Во египетскиот туристички град Таба, кој се наоѓа во близина на границата со Израел, шест луѓе се повредени откако проектил ја погодил локалната болница во раните утрински часови, јави египетската телевизија Ал Каиро.

Проектилот што ја погодил Таба е поврзан со борбите во Појасот Газа, кој е оддалечен 220 километри, но не се знае која од завојуваните страни ја испукала. Очевидец раскажа дека ја слушнал експлозијата и видел како се крева чад и прашина. Израелската армија соопшти дека знаела за безбедносен инцидент во египетско одморалиште во близина на границата.

Пред неколку дена израелската армија со тенк погоди цели во Египет, во погранично место и повреди граничари. Тие имаа лесни повреди. Израел изрази жалење за инцидентот. 


Слично

Поврзани вести