Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕ СЕ ВРАЌАМ НА РАБОТА: Ова е жената која на лотарија доби неверојатни 758 милиони долари

(ВИДЕО) НЕ СЕ ВРАЌАМ НА РАБОТА: Ова е жената која на лотарија доби неверојатни 758 милиони долари

Добитничката на вртоглави 758 милиони долари американска лотарија Пауербол е Мејвис Ванчик (53) од Чикопиј во Масачусетс, медицинска работничка и мајка на две деца.

Среќните броеви 6,7,16,23 и 26 и Пауербол бројот 4 се извлечени во 10.59 вечерта по локално време.

„Имав сон и конечно се исполни“, рекла Мејвис.


Оваа лотарија се игра во 44 американски држави, а Мејвис само што стана најбогатата добитничка во историјата на оваа игра на среќа. Во повеќето случаи паричните износи се делат меѓу неколку добитници, а ова е прв пат наградата да оди во раце на само една личност.

Шансите сите 6 броеври да бидат извлечени биле 1 спрема 292 милиони.

Кога нејзиниот коелга и честитал на среќните броеви сфатила дека тоа се оние кои ги заокружила на тикетот.

„Работам во дом за здравје Мерси...Им реков дека не се враќам“, открила среќната добитничка. Уште не одлучила што ќе прави со толку пари, но сигурна е дека нема да се враќа на работа.


Слично

Поврзани вести