Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕ САКАА ДА СЕ ФОТОГРАФИРААТ СО ЛУКАШЕНКО: Претседатели на три земји се побунија дека тој не е дел од нивното семејство

(ВИДЕО) НЕ САКАА ДА СЕ ФОТОГРАФИРААТ СО ЛУКАШЕНКО: Претседатели на три земји се побунија дека тој не е дел од нивното семејство

Тројца претседатели одбија да се фотографираат заедно со белорускиот претседател Александар Лукашенко на самитот КОП28 во Дубаи. 

Претседателите на Литванија, Летонија и Полска одбија да бидат фотографирани на официјалната заедничка фотографија на светските лидери на климатскиот самит COP 28 поради Лукашенко.

„Ова не е она што ние го нарекуваме „семејна фотографија“, Лукашенко не е дел од нашето семејство“, изјави литванскиот претседател Гитанас Науседа во изјавата испратена до АФП.

Овие три држави ги обвинуваат властите во Минск за организирање на приливот на мигранти во ЕУ. Поради војната во Украина, не само Русија, туку и Белорусија беше под санкции. Кога Русија ја нападна Украина, првиот ден изврши напад од белоруска територија. И на самитот на ОБСЕ вчера во Скопје, имаше политичари кои не сакаа да го слушаат говорот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. 

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Марија Габриел објасни зошто во Скопје на самитот на ОБСЕ не сакала да се сретне со рускиот колега, Сергеј Лавров. 


Слично

Поврзани вести