Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕ ПУШТИВ НИТУ ЕДНА СОЛЗА: Израелка раскажа како помина во заложништво на Хамас

(ВИДЕО) НЕ ПУШТИВ НИТУ ЕДНА СОЛЗА: Израелка раскажа како помина во заложништво на Хамас

Повозрасна Израелка раскажа дека се смеела откако терористите на Хамас ја киднапирале за да не покаже слабост. Ослободената 85-годишна Израелка објасни зошто се смеела кога ја киднапирала терористичката палестинска група  Хамас.

Хамас при нападот на Израел на 7 октомври убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, а киднапираа повеќе од 200. Меѓу киднапираните цивили беше и 85-годишнaта Јафа Адар. Таа е ослободена при размената на заложници за палестински затвореници, а сега ја раскажа својата приказна за заробеништвото. Снимката од разговорот со жената ја објави израелското Министерство за надворешни работи.

„Не сакав да им дадам задоволство да видат дека се плашам. Нема да дозволам да ме скршат. Сакам моите деца и внуци да се гордеат со мене кога ќе го видат видеото. Не пуштив ниту една солза“, рече таа.

Војската на Израел денеска информира дека уништила командно-контролен центар што го користела единица на Хамас во градот Газа. Во Газа загинаа над 18.000 Израелци. Израел планира за неколку месеци да ја уништи терористичката група. 

фото Твитер


Слично

Поврзани вести