Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕ ИЗДРЖА НИ ПОЛОВИНА ГОДИНА: Се урна нов мост во Кина

(ВИДЕО) НЕ ИЗДРЖА НИ ПОЛОВИНА ГОДИНА: Се урна нов мост во Кина

Дел од мост долг 758 метри, изграден пред само неколку месеци во југозападната кинеска провинција Сичуан, се урна вчера попладне, предизвикувајќи огромни облаци прашина и паника кај локалното население.

Мостот, кој е дел од националниот автопат што ја поврзува Кина со Тибет, бил затворен за сообраќај уште во понеделникот, откако инженерите забележале пукнатини на конструкцијата и нестабилност на околните планински падини.

Регионалните власти соопштија дека состојбата на теренот нагло се влошила, што довело до лизгање на земјиштето и уривање на пристапниот дел од мостот. Според првичните информации, нема загинати или повредени, благодарение на навременото затворање на сообраќајот.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа моментот на уривањето – дел од мостот се распаѓа и паѓа во реката, додека околните падини се завиваат во прашина.
Мостот бил пуштен во употреба во април годинава, по 19 месеци изградба, и претставувал дел од голем инфраструктурен проект за подобро поврзување на руралните области во Сичуан.



Слично

Поврзани вести