Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НЕ Е КРАЈ – Им се заканува уште една снежна бура!

(ВИДЕО) НЕ Е КРАЈ – Им се заканува уште една снежна бура!
Американскатасојузна држава Њујорк очекува уште една рекордна снежна бура, по која снежната покривка таму би можела да достигне и 2,5 метри. Во обилните снежни врнежи што ја зафатија оваа држава во изминатите неколку дена, животот го загубија најмалку осум лица. Досега стотици останаа заробени во домовите и по патиштата. Но, тоа не е крај на проблемите. Метеоролозите предвидуваат дека по снегот, температурите на воздухот би можеле нагло да порастат, што ќе предизвика поплави заради брзото топење на снегот. Најкритично е во градот Бафало, каде што е прогласена вонредна состојба заради снежната прекривка висока 1,8 метри. Издадени се и забрани за патување, но многу од граѓаните не ги почитуваат и се обидуваат да се пробијат низ завеаните патишта. „Ова е историски настан. Кога се ова ќе заврши, оваа снежна бура ќе ги урне сите досегашни рекорди“, вели гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо. http://www.youtube.com/watch?v=durXuf_-kCo
Слично

Поврзани вести