Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Навални на „Оскарите“: Мојот сопруг е во затвор затоа што ја кажа вистината

(ВИДЕО) Навални на „Оскарите“: Мојот сопруг е во затвор затоа што ја кажа вистината

Документарецот „Навални“, за противникот на Кремљ, Алексеј Навални, доби „Оскар“ за најдобар документарен филм на 95-тото доделување на „Оскарите“.

Наградата во Лос Анџелес ја прими неговата сопруга Јулија Навални затоа што нејзиниот сопруг е во затвор. Рече дека сонува за денот кога тој ќе биде ослободен и кога Русија ќе биде ослободена.

„Мојот сопруг е во затвор затоа што ја кажува вистината. Мојот сопруг е во затвор бидејќи ја брани демократијата“, изјави Јулија Навални.

Навални е уапсен во јануари 2021 година откога се врати од Германија, каде што помина пет месеци закрепнувајќи од труење. Тој е осуден на две и пол години затвор за наводно прекршување на условното ослободување додека бил надвор од Русија. Во март лани Навални е осуден на девет години затвор за измама и непочитување на судот, што тој го опишува како политички мотивиран обид на руските власти да го задржат зад решетки што е можно подолго, пренесе „Нова.рс“. Кремљ го критикуваше Холивуд. Претходно, медиумите пишуваа дека рускиот претседател Владимир Путин се плаши од Навални кого го смета за конкуренција. 


Слично

Поврзани вести