Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Научник кој работеше на вакцина против коронавирусот е најден мртов

(ВИДЕО) Научник кој работеше на вакцина против коронавирусот е најден мртов

Рускиот научник 45-годишниот Александар Саша Кагански кој работел на вакцината против коронавирус е пронајден мртов. 

Тој е пронајден мртов во Санкт Петербург и е најпознат по својата работа на борбата против ракот. Бил во долна облека кога паднал од прозорецот од својот стан на 14. кат, објавија руските медиуми. Тој наводно имал и убодна рана во телото.  Неговото тело го пронашол соседот на улица, а полицијата верува дека дошло до тепачка пред Кагански да падне од зграда. Истрагата е во тек, а руската полиција соопштила дека смртта на научникот се истражува како убиство. Полицијата го привела и 45-годишниот осомничен маж и испитувањето е во тек. Кагански бил асистент на професор во Владивосток, а 13 години работел во Единбург. Инаку, нов сој на коронавирусот е откриен во повеќе земји, при што тој прво е регистриран во Британија. Повеќето земји, ги прекинаа авионските летови кон оваа земја. 

Македонија го стори истото со цел да се заштити. 


Слично

Поврзани вести