(ВИДЕО) НАУЧНИЦИТЕ ЗАГРИЖЕНИ: Падна „крвав“ снег на Алпите
Редок феномен се случи на Алпите, каде падна снег кој жителите го нарекле со „боја на лубеница“.
Француските научници се загрижени и велат дека ова е последица на климатските промени. Овој феномен бил забележан и во времето на Аристотел кој верувал дека црвената боја е предизвикана од црвени црви, сепак, тоа е предизвикано од расцветани црвени алги кои не се видливи со голо око, пишува The Age. Француските научници тврдат дека ја менуваат бојата за да се заштитат од УВ зрачење. Експертите откако ја проучиле нивната ДНК, тие пронашле различни видови алги, вклучително и еден клучен црвен тип со соодветно име Сангуина, која живее на надморска височина поголема од 1980 метри. Алгите произведуваат голема количина кислород преку фотосинтеза и се присутни на дното на повеќето синџири на исхрана. Но, под одредени услови, тие претерано се размножуваат и создаваат токсичен талог.
