Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Научници открија нова џиновска риба за која претходно не се знаело

(ВИДЕО) Научници открија нова џиновска риба за која претходно не се знаело

Научници откриле нов вид џиновска риба, на која и го дале името „Mola tecta“.

Рибата е откриена после четиригодишна потрага на австралиски студенти, чие претходно истражување покажало можност на постоење на претходно неоткриен вид.

Докторантката Маријен Ниегард која го открила новиот вид додека истражувала во индо-пацифичките води вели дека овој вид не е реток, но живее во делови од океанот до кои луѓе воглавно не одат. Нуркаат до неколку стотици метри длабочина, каде се хранат а потоа се приближуваат до површината каде уживаат во сонцето.

Инаку „Мола мола“ е најтешка коскена риба на светот. На нив никогаш не им израснува грбна перка.

Трудот на Ниегард е објавен во магазинот „Zoological Journal of the Linnean Society“.


Слично

Поврзани вести