(ВИДЕО) НАТО се плаши од трета светска војна, но таа веќе е почната, му порача Украинка на Џонсон
Активистка го нападна британскиот премиер Борис Џонсон за состојбата во Украина и рече дека никој не ја брани земјата, затоа што се плашат.
Украинка која е дел од организацијата наречена „Антикорупциски акционен центар“ вербално го нападна британскиот премиер Борис Џонсон на прес-конференција во Полска, барајќи од западните земји да воведат зона на забранети летови над земјата.
Таа го обвини НАТО дека не сака да го стори тоа од страв дека ќе има трета светска војна.
„Ние бараме зона на забранети летови и добиваме одговор дека така ќе почне трета светска војна, но што е алтернативата? Вие доаѓате во Полска, не доаѓате во Киев, господине премиер. Затоа што се плашите. НАТО не сака да брани. НАТО се плаши од трета светска војна, но таа веќе е почната“, рече Украинката.
Џонсон рече дека кризата „не е нешто што Британија може да го поправи со воени средства“.
„Јас сум свесен дека не може доволно да направиме како британска влада за да помогнеме на начинот што го барате вие. Морам да бидам искрен за тоа. Кога зборувате за зона на забрането летање, за жал, како што повеќе пати му кажав на Володимир Зеленски, последиците од тоа ќе бидат Велика Британија да се впушти во соборување руски авиони, би се впуштиле во директна борба со Русија. Тоа не е нешто што ние не можеме да го сториме. Мислам дека последиците од тоа би биле навистина многу многу тешки за контролирање. Она што можеме да го сториме се сите овие работи што веќе ги правиме“, одговори Џонсон.
Украинскиот претседател Влодомир Зеленски побара прием на Украина во ЕУ и бара Европа да покаже дека е со нив. Повеќето градови во Украина се блокирани.
фото скриншот
