(ВИДЕО) НАТО објави фотографии: Руска војска на границата со Украина подготвена за интервенција!
Северноатлантската алијанса НАТО денеска објави сателитски фотографии на кои се гледа дека Русија натрупала големи вооружени сили на границата со Украина, „подготвени за делување во секој момент“.
Според проценките на НАТО, вдолж границата со Украина се распоредени меѓу 35.000 и 40.000 руски војници и огромна воена опрема, авиони, хеликоптери, тенкови и оклопни транспортери.
http://www.youtube.com/watch?v=UBVs6EwDFjQ
„Тоа се исклучително подготвени сили кои можат многу брзо да се активираат“, заклучи бригадниот генерал Гери Дикин, директор на Центарот за управување со кризи во главниот штаб на НАТО во Монс, Белгија. „Тоа загрижува затоа што тие сили се директна закана за Украина иако не ги знаеме точните планови на Русите“, додаде тој.
за да ги поткрепи своите тврдења НАТО на медиумите им ги достави фотографиите од руските воени бази направени кон крајот на март и почетокот на април, а на една од фотографиите се гледа 21 хеликоптер стациониран среде поле во близина на Белгород, на само 40-тина километри од границата со Украина.
„Во непосредна близина се распоредени и 40-тина тенкови и повеќе од 100 оклопни транспортери, а никаде во близна нема постојана воена база“, појасни офицерот на НАТО, според кого ова ги демантира тврдењата на официјална Москва дека се работи за „редовни активности на руската војска“.
На снимките реагираше веднаш Русија со тврдење дека „НАТО измислува, а стравот на западните земји е неоснован“. „Постојаните обвинувања од генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на наша сметка не уверуваат дека НАТО се обидува да ја искористи украинската криза за да ги зацврсти сопствените редови врз основа на имагинарна надворешна закана и да го зголеми уверувањето дека Алијансата е потребна во 21 век“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Слично
