(ВИДЕО) НАСТАВНИК ЗА ПРИМЕР: Оди пеш осум километри и носи храна за осумдесетина ученици
Зејн Пауелс, наставник во основно училиште во градот Гримсби, пeшачи по осум километри секој ден, носејќи ранци со храна за најмалку 78 ученици.
Ранците тежат повеќе од 18 килограми, но британскиот наставник вели дека ништо не е тешко за благосостојбата на децата.
Ја остава храната на прагот, тропа на вратата и чека додека да се увери дека семејството ја презело пратката.
„Родителите и децата излегуваат низ прозорец и ме поздравуваат, а некои дури сакаат да разговараат со мене. Понекогаш мислам дека сум единствената возрасна личност со која можат да зборуваат деновиве", изјави Паулс.
Вели дека луѓето живеат во страв и се плашат да ги пуштат децата надвор.
34 проценти од децата во Гримсби живеат во сиромаштија.
Слично
