Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАСТАНА ГРЕШКА: Kула се урна врз зграда

(ВИДЕО) НАСТАНА ГРЕШКА: Kула се урна врз зграда

При уривање на кула во Данска се случила голема грешка и кулата се срушила на погрешна страна, по што ја здробила соседната зграда, во која се наоѓал културен центар и библиотека. Сепак, во инцидентот нема повредени.

Кулата требало да падне на исчистено подрачје наменето за уривањето, но поради грешка паднала на другата страна. За уривањето се употребени 10 килограми експлозив, а подготовките траеле шест месеци.

„Не знам како можеше да дојде до ваква грешка“- изјавил извршителот на работите.

Покрената е истрага за причините за инцидентот.


Слично

Поврзани вести