Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

Насилни протести има во Кенија, а според медиумите веќе има и мртви. 

Кениската активистка Аума Обама, полусестра на поранешниот американски претседател Барак Обама, била меѓу демонстрантите кои се погодени со солзавец пред зградата на парламентот во Најроби.

Како што пишуваат странските медиуми, полицијата пукала и врз демонстрантите кои се обиделе да упаднат во зградата на парламентот. Десетици луѓе се повредени, а делови од зградата на парламентот беа опожарени додека пратениците го гласаа законот за зголемување на даноците.

Законот сè уште треба да го одобри претседателот Вилијам Руто. Минатата недела во насилните протести беа повредени најмалку 200 лица, а имаше и една жртва. Уапсени се повеќе од 100 луѓе.

Повеќе од 10 западни земји нагласија дека се „длабоко загрижени“ од насилството за време на протестите против зголемувањето на даноците во Кенија во кои има најмалку пет луѓе се убиени. Амбасади и дипломатски претставништва од 13 држави, вклучително и Канада, Германија, Велика Британија и САД во заедничката изјава наведоа дека се „исклучително шокирани од сцените видени пред кенискиот парламент“.

Во оваа земја во постизборни немири во 2009 и 2017 година имаше жртви. 


Слично

Поврзани вести