(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО ХОНГКОНГ: Причината за револтот е во кинеските власти
Протести има во Хонгконг, а илјадници демонстранти се на улиците.
Полицијата користи солзавец за да ги растера демонстрантите, кои денеска излегоа на протести во близина на границата со Кина.
Незадоволни се од политичкото мешање на Кина во нивната држава. Полицијата ги повика демонстрантите да се распуштат, но тие не одговорија на барањето.
Претходно стотина новинари маршираа нив градот барајќи слобода во известувањето.
„Полицијата веќе не работи за народот во Хонгконг“, вели еден демонстрант.
И во други градови граѓаните почнаа да излегуваат на улиците.
Слично
