(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО ДАБЛИН: Жителите не сакаат карантин
Немири има во Даблин поради наметнати рестрикции. Стотици луѓе излегоа на улиците вчера, во знак на протест против мерките за затворање. Протестите станаа насилни.
Полицијата се судри со демонстрантите кои се обидоа да се пробијат до главниот парк, јави телевизијата РТЕ. Неколку лица се уапсени. Ирската влада неодамна објави дека ќе го продолжи најстрогиот карантин до 5 април, иако училиштата постепено ќе се отвораат од понеделник.
Во неколку европски земји има затворање поради брзото ширење на коронавирусот.
Слично
