Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ: Со шипки упаднаа во Парламентот во Хонг Конг

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ: Со шипки упаднаа во Парламентот во Хонг Конг

Демонстранти со маски на лицата, со метални шипки го скршија влезот и упаднаа во зградата на парламентот во Хонг Конг.

Илјадници луѓе излегоа на насилни демонстрации. 

Тие се пробија во зградата на Парламентот на 22 годишнината од враќањето на градот под власт на Кина во 1997 година. Полицијата употреби солзавец за да ги растера.

Директно побараа од Пекинг да го повлече законот со кој престапниците од Хонг Конг ќе одговараат пред судот во Пекинг, кога веќе во градот има независен правен систем.

Полицијата ги осуди незаконските постапки на демонстрантите. Најмалку 13 припадници на безбедносните сили се пренесени во болница откако демонстрантите фрлиле непозната течност кон нив, заради која дел од нив имале и проблеми со дишењето.


Слично

Поврзани вести