Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ: Демонстранти демолираа цел град, запалија и банка

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ: Демонстранти демолираа цел град, запалија и банка

Насилни протести на „Жолтите елеци“имаше вчера во Париз, при што се уапсени повеќе од 80 луѓе, а повредени се 11 луѓе. 

Меѓу повредените има и двајца пожарикари, а уништени се бројни излози на луксузни продавници и локали. Полицијата употреби гумени куршуми и солзавец во разбивање на демонстрантите.

Пожар избувнал во банка  покрај авенијата Шанзелизе. Пожарникарите спасувале мајка и дете од пожарот.


Французите 18-те викенд по ред протестираат против социјалната и фискална политика на претседателот Емануел Макрон.

Во Париз беа распоредени околу 5.000 припадници на силите за безбедност, каде што,  беше најавен и марш за климатските промени.

Слично

Поврзани вести