Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАСА со историско откритие влезе во Новата година: Научниците изненадени

(ВИДЕО) НАСА со историско откритие влезе во Новата година: Научниците изненадени

Американската вселенска агенција НАСА во Новата година влезе со историско откритие-фотографија од најоддалечениот објект кој некогаш е посетен во Сончевиот систем.

Фотоката од небесното тело “Ултим Тул“ ја пратила сондата „Њу хорајсонс“ околу 30 минути по полноќ по локално време.

Контролорите во Лабараторијата за применета наука на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ го прославиле моментот кога сигналот од леталото е „фатен на земјата“.

Така е видлив облкот на ова вселенско тело кое во средината се стеснува. Претходно е пресметано дека објектот е долг околу 32 км , а широк 16 км, а сега тоа ќе може точно да се утврди.

Сликата, пишува СиЕнЕн е направена од оддалеченост од околу 500 000 милји или околу 800 000 км. Научниците велат дека постои дури и можност да се работи за две тела.

Сепак, НАСА допрва почна да прима податоци од „Њу хорајзонс“, а вкупно ќе бидат потребни околу 20 месеци сите податоци да стигнат до Земјата. Сигналот од леталото патува шест часа пред да стигне до Земјата.


Слично

Поврзани вести