Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАСА: Екслодираната ракета носеше храна за астронаутите!

(ВИДЕО) НАСА: Екслодираната ракета носеше храна за астронаутите!
Ракетата „Антарес“ на американската компанија „Орбитал Сајансес“, која експлодираше вчера при лансирањето, носела беспилотна капсула со храна за космонаутите од Меѓународната вселенска станица, објави НАСА. Експлозијата се случи веднаш  по лансирањето од вселенскиот центар Валопс во Вирџинија. На снимките се гледа дека ракетата се запалила само неколку секунди по лансирањето. Материјалната штета се проценува како значителна, односно повеќе од 200 милиони долари според првичните оценки. Во краткото соопштение од НАСА се наведува дека веднаш  по полетувањето се случил дефект и се најавува дека повеќе информации ќе бидат објавени веднаш штом тоа ќе биде можно. НАСА заедно со „Орбитал Сајансес“ заедно ќе работи на утврдување на деталните причини. Ова беше прво ноќно лансирање на ракетата Антарес и трета мисија за снабдување на Меѓународната вселенска станица со помош на беспилотната капсула Сињус. Капсулата требало да достави 2,2 тони храна и опрема за научните истражувања на астронаутите. Лансирањето во понеделникот беше одложено за 24 часа заради присуство на бродови во Атлантскиот Океан, во безбедносната зона во која е забранета пловидба во текот на лансирањето. http://www.youtube.com/watch?v=9V1_BiTkHJ4    
Слично

Поврзани вести