Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Еден од најпознатите нарко - босови избегал од затвор пред екстрадиција во Италија

(ВИДЕО) Еден од најпознатите нарко - босови избегал од затвор пред екстрадиција во Италија

„Кралот на кокаинот“ побегнал од затворот во Уругвај. Директорот на затворскиот систем Алберто Гадеа, си поднел оставка по бегството на Морабито.

Во понеделникот шефот на криминалата организација „Ndrangheta“ избегал од затворот, каде што беше ставен во очекување за екстрадиција во Италија.

Уругвајската влада вчера ја прифатила оставката на директорот, пишуваат медиумите од регионот.

Последните информации за бегството на Нарко босот Морабито се дека тој избегал заедно со уште тројца други затвореници.

Инаку, Роко е во бегство од италијанските власти од 1994 година,  беше осуден во отсуство на 30 години затвор за шверц на дрога. Морабито беше уапсен во Уругвај во 2017 година.

Италијанското обвинителство верува дека има голема улога во трговијата со дрога од Јужна Америка до Милано.

Слично

Поврзани вести