(ВИДЕО) Нападнат британскиот премиер Камерон – доволна секунда невнимание на телохранителите
Британскиот премиер Дејвид Камерон излегуваше од зградата на градскиот Совет во Лидс денеска кога го нападна еден млад човек. Имено, 28-годишниот човек искористил секунда невнимание на обезбедувањето на Камерон и се обидел да го турне британскиот премиер.
Камерон и самиот забележал дека напаѓачот тргнал кон него, па се вратил неколку чекори назад, а потоа телохранителите реагирале и го собориле.
Британскиот премиер не е повреден во нападот и продолжил мирно со своите обврски.
Напаѓачот бил уапсен, а потоа ослободен. „Ништо злонамерно. Само погрешна личност на погрешно место“, објави подоцна полицијата на Твитер.
http://www.youtube.com/watch?v=4-8QZ8hjZg8
Слично
