Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАПАД ВО РУСИЈА: Маж во супермаркет избоде луѓе со нож

(ВИДЕО) НАПАД ВО РУСИЈА: Маж во супермаркет избоде луѓе со нож

Напад се случи во Русија.  Во градот Санкт Петербург маж нападнал луѓе со нож во супермаркет при што шестмина се повредени. 

Како што објави рускиот портал Фонтанка, напаѓачот е приведен. Според извештаите на очевидците, осомничениот прво фрлал шишиња кон другите.


Потоа ги грабнал ножевите и замавнал наоколу, прободувајќи двапати еден чувар. Посетителите на хипермаркетот се обиделе да го избркаат напаѓачот.

Четири лица завршија во болница. Осомничениот е идентификуван како 44-годишен локален жител. Мотивот за нападот не е познат.

Покрената е кривична постапка по членот за обид за убиство на повеќе лица, соопштија од Градскиот Истражен комитет.

Во селото Петропавловскаја на периферијата на главниот град на Чеченија, Грозни, вчера беше нападнат конвој на руската национална гарда (Росгвардија), при што загина еден војник, а друг беше ранет, пренесе руски сервис на Би Би Си. Се смета дека напаѓачите се Чеченци. 


Годинава имаше повеќе напади во Русија. На 12 октомври, во Ингушетија во напад загинаа три лица. 

Во септември за кратко време во две училишта ученици извршија напад со чекан. 


При крајот на летото имаше две заложнички драми во затвори и тоа во Ростов на Дон и во Волгоград. 

Во муслиманскиот регион Дагестан, во јуни, во престрелки имаше најмалку 20 загинати. 

Во март имаше терористички напад во салата Крокус во Москва, каде загинаа над 140 луѓе, а нападот во извршија Таџикистанци. 

Слично

Поврзани вести