(ВИДЕО) НАПАД ВО МИНХЕН: 10 мртви, кој беше напаѓачот што се самоуби?
Во шопинг центарот „Олимпија“ во Минхен дошло до пукање во кое се убиени девет лица, а градските власти потоа прогласија вонредна состојба.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/OnlineMagazin/status/756611129221275648[/embed]Напаѓач е 18-годишен Германец со потекло од Иран кој после нападот извршил самоубиство. Мотивот на нападот не е познат, а врски со терористички организации не се откриени.
Повредени се околу 20 лица, а меѓу нив и тројца кои се во тешка ситуација.
Од полицијата наведуваат дека напаѓачот извршил самоубиство, како и дека „дејствувал сам“. Пронајден е неговиот автомобил и е однесен на анализа.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/OnlineMagazin/status/756576941541580800[/embed]На зградите на сите државни установи во Германија во саботата знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, одлучиле ноќеска властите на таа земја. Освен тоа за денеска е закажан и Совет за безбедноста на Германија.
Детали од инцидентот уште не се познати, освен дека пукањето почнало во ресторан „Мекдоналдс“ , пишува Гардијан. Вооружениот маж трчал низ трговскиот центар и пукал на луѓето, наведува Билд. После тоа наводно избегал во правец на железничката станица.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/thaminastoll/status/756523948804808708?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Полицијата после тоа го евакуирала треговскиот и ги предупредила граѓаните да ги избегнуваат јавните места. Јавниот сообраќај е блокиран.
Освен тоа, покрената е опсежна истрага за целиот случај. Надлежните најпрво мислеле дека зад нападот се кријат три лица, меѓутоа на крај увиделе дека напаѓачот бил сам и извршил самоубиство.
