(ВИДЕО) НАПАД ВО ЛОНДОН: Човек со автомобил удри во луѓе
Маж со автомобил тргнал за да се забие во зградата на британскиот Парламент, при што повредил три лица.
На самото место веднаш се појавиле стотина полицајци, а целата област е затворена. Мажот е уапсен и не соработува со полицијата, која претпоставува дека станува збор за терористички напад. Во последните 18 месеци ova е втор напад на терористите на британскиот Парламент.
Напаѓачот е маж на 20 – тина години кој влетал во пешаците и велосипедистите за време на утринскиот метеж. Ниеден од повредените не е во тешка состојба. Напаѓачот нема криминално досие и не е познат на полицијата.
Британската премиерка Тереза Меј, која е на годишен одмор изјави дека со мислите е со повредените.
Се верува дека постои опасност од втор напад.
Rooftop camera shows moment car crashes into barriers outside Parliamenthttps://t.co/CprbiGZgrg #Westminster pic.twitter.com/0noYclQNaR
— BBC Breaking News (@BBCBreaking) August 14, 2018
