(ВИДЕО) Напад во Кина: Со нож избоделе 9 лица на железничка станица
Не се знае зошто двајцата напаѓачи влегле помеѓу патниците и почнале наизменично да ги бодат со ножеви.
Најмалку двајца напаѓачи вооружени со ножеви, напаѓале луѓе вчера на железничка станица во јужна Кина, ранувајќи девет лица, а полицијата пукала и убила еден од осомничените, соопштиле кинеските власти.
Вториот осомничен бил уапсен, соопштила полицијата од градот Гангжу, пренесува AP.
Истрагата е во тек и мотивот за нападот не е утврден, навела полицијата додавајќи дека меѓу повредените има и еден полицаец.
Во сличен напад пред една година на железничката станица во Кунминг, на југот на Кина, биле убиени 29 лица. Властите за тој напад ги обвиниле сепаратистите од провинцијата Синџанг.

Слично