Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАПАД ВО КАНАДА: Влегле маскирани во ресторан, детонирале бомба и избегале!

(ВИДЕО) НАПАД ВО КАНАДА: Влегле маскирани во ресторан, детонирале бомба и избегале!

Двајца мажи детонирале бомба во ресторан во Онтарио, ранувајќи неколку луѓе од кои тројца се во критична состојба, пренесоа светските медиуми.

Експлозијата се случила во канадскиот град Мисисогу, во Онтарио, а според првични информации, повредени се најмалку 15 луѓе. Полицијата соопштила дека трага за двајца осомничени кои избегале од лице место.


Според пишувањата осомничените носеле качулки, фармерки и лицата им биле целосно скриени.


На терен се наоѓаат голем број полициски и амбулантни возила како и тим за демонтирање на бомба. Како се наведува, самата зграда во која се случила експлозијата е недопрена, но насекаде има скршено стакло.


Мотивот за напад не е познат, а засега не е исклучено ни дека се работи за тероризам.


Слично

Поврзани вести