(ВИДЕО) НАПАД ВО КАНАДА: Напаѓач застрела 4 лица во училиште
Уапсен е напаѓачот на средното училиште Ла Лош во канадската провинција Саксечуан, кој денеска уби четири лица и неколкумина повредил. Младиот напаѓач отворил оган во простории на основно училиштето во кое учат околу 900 ученици.
Градоначалникот на Ла Лош, Кевин Жанвие изјави дека во нападот загинала и неговата 23-годишна ќерка.
Од полицијата информираа дека приведено е лице кое е осомничено за убиството и одземено му е оружјето.
Се уште не се знаат мотивите за вооружениот напад, кој е ретка појава во Канада.
Слично
