(ВИДЕО) НАПАД ВО ИСТАНБУЛ: Една жртва и неколку повредени во експлозија во метро
Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени во експлозија во метро станица во Истанбул.
По нападот метрото е затворено и се евакуираат луѓе.З асега не се знае која е причината за несреќата.
Според извори на Би-Би-Си се работи за рачно изработена бомба.
Некои репортери од местото предупредија дека можеби станува збор за терористички напад, но нема официјална потврда.
“Во моментов причината за експлозијата не е утврдена, но сите верзии се разгледуваат”, рече гувернерот на Истанбул. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/VEwiGKLOLxg[/embed]
Слично
