Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Жена со нож избоде 12 луѓе

(ВИДЕО) НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Жена со нож избоде 12 луѓе

На главната железничка станица во Хамбург попладнево жена со нож повреди повеќе лица.  Според информациите од германската полиција, 39-годишна жена, која веднаш е уапсена на самото место, без причина нападнала патници на перонот.

Во нападот се повредени вкупно 12 луѓе – шестмина се со животозагрозувачки повреди, тројца се сериозно повредени, а уште тројца имаат полесни повреди. Таа дејствувала сама. 

Властите веднаш ги затвориле четирите железнички траси и спровеле голема полициска операција на местото на настанот.

Пожарникарите од Хамбург изјавија дека шест од жртвите се во критична состојба и се борат за живот. Другите тројца повредени се со сериозни повреди, додека останатите тројца се со полесни повреди.

foto X


Слично

Поврзани вести