Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАПАД ВО БРИСЕЛ: Радикализиран Сомалиец со мачета нападна војници

(ВИДЕО) НАПАД ВО БРИСЕЛ: Радикализиран Сомалиец со мачета нападна војници

Маж е застрелан синоќа во центарот на Брисел откако со мачета нападнал двајца војници, соопшти бриселското обвинителство.

Станува збор за 30-годишен маж кој не е познат по терористички активности. Според јавниот сервис RTBF, станува збор за 30-годишен доселеник од Сомалија, кој во моментот на нападот извикувал „Алаху акбар“ (Господ е голем), што посочува дека напаѓачот бил радикализиран муслиман.

„Еден маж е застрелан во петокот вечерта во центарот на Брисел откако со мачета нападна двајца војници“- соопштија обвинителите на Брисел.

Мажот е во критична состојба, но сѐ уште е жив и се наоѓа во болница. Војниците се полесно ранети во нападот, еден во лицето,  а другиот во раката.


Весникот Le Soir пишува дека инцидентот со случил во 21,15 часот во центарот на белгиската престолнина на булеварот „Емил Жекман“. Очевидци за весникот изјавиле дека слушнале истрели.


Покрај редовната полиција на улиците на Брисел патролираат и војници поради зголеменото ниво на безбедносна закана по нападите на исламските милитанти во Париз и во Брисел во 2015 и во 2016 година, за чии извршители се покажа дека главно се припадници на белгиска терористичка ќелија.

Слично

Поврзани вести