Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАПАД СО НОЖ ВО РУСИЈА: Најмалку осум луѓе се ранети

(ВИДЕО) НАПАД СО НОЖ ВО РУСИЈА: Најмалку осум луѓе се ранети

Повеќе од осум луѓе се ранети при напад со нож во рускиот град Сургут во Сибир. 

Полицијата го застрела напаѓачот, објавија денеска руските власти. Маж напаѓал минувачи кои се движеле низ централните улици во градот, при што повредил осум луѓе, објави рускиот Истражен комитет. Повредените се пренесени во болници, а двајца од нив се во сериозна состојба. Напаѓачот е локален жител за кој допрва ќе се утврдува дали е болен. 

Засега не е познат мотивот за нападот. 

Владата повикува на смиреност, а медиумите да користат проверени информации.

Сургут е град со 300.000 жители и се наоѓа околу 2.100 километри североисточно од Москва во регионот Ханти-Манси, богат со нафта.

На интернет се појави снимка на која наводно се гледа напаѓачот и полицаецот. 


Слично

Поврзани вести