Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Напад со Молотови коктели врз синагога во Гетеборг

Видео: Напад со Молотови коктели врз синагога во Гетеборг

Синагога во Гетеборг, Шведска е нападната со десетина Молотови коктели кои се запалиле, а биле фрлени од страна на група на маскирани напаѓачи. Нападот најверојатно е мотивиран против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае еднострано Ерусалим како главен град на Израел.

Во верскиот храм во моментот на нападот се одржувала забава за млади, кои се скриле во подрумот до доаѓањето на полицијата.

Алан Стуцински, претседателот на Еврејскиот совет во Гетеборг и еден од сведоците на нападот, изјави: „Видовме десетици маскирани луѓе како фрлаат запаливи предмети во дворот“.

Нападот се случил неколку часа откако во центарот на Малме маршираше група од неколку стотици луѓе изјвикувајќи „Најавивме интифада (востание) во Малме. Ја сакаме слободата, ќе ги убиеме Евреите“.

Во нападот никој не е повреден, а полицијата утринава привела тројца осомничени.



Слично

Поврзани вести