(ВИДЕО) НАПАД НА КОНЦЕРТ ВО ЛАС ВЕГАС: Има мртви и повредени
Вооружен маж пукал кон публиката на фестивал на кантри музика во центарот на Лас Вегас.
Има двајца мртви, а 24 се ранети. Полицијата го блокираше делот од градот.
Полицискиот официјален претставник, Аден Окампо-Гомес рече дека полицајците отишле на местото на настанот, во хотелите и казиното Мандалај Беј, во јужниот дел на централниот булевар во Лас Вегас и наспроти меѓународниот аеродром.
На социјалните мрежи е објавено видео што покажува како граѓаните бегаат, како и видео од концертот на кое се слуша пукањето.
Shooting in Las Vegas. People fleeing (video from the Mandalay Bay hotel) pic.twitter.com/hs98J5uK6T
— Eiki Hrafnsson (@EirikurH) October 2, 2017
На аеродромот привремено беа запрени летовите. Засега не се знае дали се работи за тероризам, а вчера напади имаше во Франција и Канада.
