(ВИДЕО) НАЈСТРОГО ЧУВАНА ТАЈНА НА САД: Еве што се наоѓа во актовката на Барак Обама!
Црната кожена актовка, позната како “Football”, ја носат помошниците на американскиот претседател Барак Обама и отсекогаш била обвиткана со мистерија. Таа содржи работи за кои долго не се зборувало и го „следи во секој чекор“ претседателот на САД.
Имено, содржината на оваа ташна може да му помогне на претседателот да одобри нуклеарен напад.
Нејзиното име е „претседателска итна торба“ и секогаш ја носи еден од петте воени помошници, а целта и е да му биде на дофат на Обама.
Бил Галеј, поранешен директор на военото одделение во Белата куќа, рекол дека оваа торба не содржи црвено копче за активирање на нуклеарно оружје, туку уште четири ставки.
Првата е црна книга за нуклеарните опции на 75 страници. Уште една црна книга од 10 страници содржи доверливи места на кои се наоѓа засолниште за претседателот. Еден коверт содржи 10 страници упатства за тоа како да се управува со „Итниот систем на пренос“ (EBS), а торбата содржи и индекс картица со шифри за проверка на функцирањето.
Воените помошници изберени за носење на актовката се оспособени во само неколку минути да го подготват претседателот за нуклеарен напад.
Погледнете го видеото:
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/fZSUJXA5ZD0[/embed] Извор: jutarnji.hr