Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Најскапата приватна резиденција во светот се наоѓа во сиромашна држава

(ВИДЕО) Најскапата приватна резиденција во светот се наоѓа во сиромашна држава

„Антилија“, облакодер од 27 ката, со површина од 37.000 квадратни метри во Мумбај, Индија, се смета за најскапата приватна резиденција во светот. Taa e проценета на повеќе од 4 милијарди долари.

Во сопственост на милијардерот Мукеш Амбани, претседател на компанијата „Релајанс индустрис“, облакодерот „Антилија“ е проектиран да издржи силен земјотрес и е висок 172 метри. Има многу екстравагантни содржини, вклучувајќи три хелиодроми, кино со 50 седишта и гаража за 168 автомобили.

Облакодерот е изграден меѓу 2006 и 2010 година за 2 милијарди долари. Заклучно со 2023 година, неговата вредност пораснала на 4,6 милијарди долари.


Слично

Поврзани вести