(ВИДЕО) НАЈСИЛНИОТ ДОСЕГА: Еве како Ураганот “Патрисија” беснееше низ крајбрежјето на Мексико
Ураганот "Патрисија" вчера го погоди Мексико со максималната сила по 5-степената скала на Сафир-Симпсон, но веќе ослабна до 2-ри степен и се претвори во тропска бура со ветрови од 155 километри на час. Соопштија од Националниот центар за урагани на САД во Мајами.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ljCmjiIjOg0[/embed]Ураганот првично ги погоди слабо населените области од пацифичкото крајбрежје на Мексико со ветрови до 270 километри на час, но постепено ја загуби силата, достигнувајќи планински области во внатрешноста на земјата.
Рано утринава центарот на бурата беше на околу 215 километри југозападно од мексиканскиот град Сакатекас. Властите велат дека до овој момент имаат информации за поплави и лизгање на земјиштето, но не и за жртви или поголеми штети.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/eYt_j7WR88g[/embed]"Патрисија" е најсилниот ураган, регистриран во западната хемисфера. Иако првичните очекувања беа катастрофални, тој нанесе многу помали штети, изјави синоќа на телевизија мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието.
Сепак, властите во Мексико остануваат со претпазливост поради очекуваните силни поплави. Будни се и властите во американската држава Тексас, каде бурата веќе донесе поројни дождови и метеоролозите предупредија за опасност од поплави.


