Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) НАЈПОТРЕСНО СЕЛФИ: Околу него паѓаат бомби - сака да покаже како народот страда

(ВИДЕО) НАЈПОТРЕСНО СЕЛФИ: Околу него паѓаат бомби - сака да покаже како народот страда

Петнаесетгодишниот Мухамед Најем од Сирија прави селфи и видеа кои ги објавува на социјалните мрежи додека околу него паѓаат бомби, а целта е на светот да му покаже колку страда неговиот народ. 

„Децата во Гута умираат секој ден заради бомбрадирањата на режимот на Асад и Русија“- вели тој во едно од видеата. 

Тој преку Твитер сака да го информира светот што се случува во регионот каде живее и вели дека сака еден ден да биде новинар. 


„Нашата крв моли секој ден. Тоа го гледате и не реагирате“ - вели момчето во друго видео. 

Раскажува дека пред месец дена додека си играле со другарите, во воздушен напад еден од неговите другари загинал затоа што не успеал да се скрие навреме во подрум, како што сториле тие. 


Слично

Поврзани вести