(ВИДЕО) НАЈМНОГУ СТРАДААТ ЦИВИЛИ: Вака изгледа бомбардирањето на Алепо од агол на населението!
Сириската новинаска агенција Шахба прес објави видео снимка од руско ракетирање од воздух на населена област на сирискиот град Алепо.
Од почетокот на руската интервенција во Сирија можеше да се видат снимки од воздух, а сега прв пат е објавена снимка која покажува како тоа изгледа од земјата.
Сакале или не, тие ракети го погодуваат и цивилното населени. Снимката е снимена „од рака“, а возбудениот снимател забележал детонации на две ракети, а на крајот се слуша и трет проектил.
Ракетите подигнале облаци од прашина, се гледаат урнати згради, а во еден момент е повреден млад Сириец. Пд разрушените стамбени објекти излегуваат цели семејства со голем број мали деца,а во еден момент се снимени и урнатини под кои изгледа како да има луѓе.
Русија на 30 септември оваа година изведе вистински воздушни напади во Сирија и тоа насочени кон Исламска држава, противниците на режимот на Башар ал Асад.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/mJ3Sw3uMB_4[/embed]
