Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Најмалку седум експлозии одекнаа во Каракас - САД почна со операции?

(ВИДЕО) Најмалку седум експлозии одекнаа во Каракас - САД почна со операции?

Најмалку седум експлозии се слушнале утрово во главниот град на Венецуела, Каракас, објави новинската агенција АП. Очевидци изјавија за агенцијата „Ројтерс“ дека слушнале авиони и дека виделе најмалку еден столб чад, а јужната област од градот, каде што се наоѓа воена база, останала без струја.


Засега нема коментар од владата на Венецуела. Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека американската војска ќе почне копнени операции во Венецуела откако таа во изминатите месеци напаѓаше бродови кои наводно превезуваат дрога и значително го засили своето присуство во Карибите, вршејќи огромен притисок врз претседателот Николас Мадуро. Тој вчера изјави дека е отворен за разговори со САД.

Претходно, Мадуро му кажа на Трамп да води сметка за проблемите во неговата земја, но и дека осум милиони луѓе во Венецуела се спремни да ја бранат земјата. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести