Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Најмалку 40 луѓе настрадаа при уривање на мост во Индија

(ВИДЕО) Најмалку 40 луѓе настрадаа при уривање на мост во Индија

Се урна мост во сојузната држава Гуџарат во Индија со 400 луѓе на него, при што има најмалку 40 мртви. Повеќе од 30 луѓе се во критична состојба, а многумина се водат како исчезнати.

Станува збор за мостот во градот Морби на реката Маччу. Мостот долг 230 метри е изграден за време на британското владеење во 19 век. Половина година беше затворен поради реновирање, а минатата недела повторно беше отворен.

фото Твитер


Слично

Поврзани вести