(ВИДЕО) НАЈЛУДО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈА: Ограбувачка сакала да се сокрие, па паднала низ плафон
Надзорните камери на еден канадски супермаркет во Алберта покажуваат како една девојка паднала од плафон!
Сопствениците на продавницата повикале полиција кога се посомневале дека еден пар украл кредитна картичка. Кога полицијата стигнала на лице место, мажот се обидел да се пресмета со нив, а девојката избегала и на крај одлучила да се сокрие во плафонот, веројатно меѓу инсталациите.
Меѓутоа, како што покажуваат камерите, во еден момент пропаднала и паднала на под.
Погледнете го видеото кое како молња се шири на социјалните мрежи.
Слично
