Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Најголемиот вулкан во Европа повторно се разбуди

(ВИДЕО) Најголемиот вулкан во Европа повторно се разбуди

По осум месеци, вулканот Етна, кој се наоѓа на источниот брег на Сицилија, се разбуди, покажуваат кадрите кои се снимени денеска. 

Од врвот на Етна се гледа дека излегува чад и имало неколку мали експлозии.

Според вулканолозите тоа е вообичаено за Етна. 

Ова е еден од најсмртоносните вулкани во светот. 

Тој е најголем вулкан во Европа, а во споредба со него другиот голем вулкан во Италија - Везув е два пати помал. Етна е и меѓу најактивните вулкани на Земјата.

Вулканската активност може да не запира во текот на неколку години или дури и децении.


Слично

Поврзани вести