(ВИДЕО) Најголемиот авион на светот ќе лета од идната година
Најголемиот авион на светот од идната година ќе почне да лета.
Промовиран е најголемиот патнички авион на светот , Боинг 777X во главниот производен погон во Еверет, Вашингтон.
Боинг планираше да го претстави авионот во средата, но свеченоста беше одложена поради падот на нивниот авион 737 во Етиопија каде загинаа 157 патници и членови на екипажот.
Претставувањето е организирано на поедноставен начин во главниот производен погон на компанијата, каде им се оддаде почит на загинатите во несреќата во авионската несреќа на Боинг 737 MAX8.
Авионот е подолг од своите претходници и има капацитет меѓу 400 и 425 патници во две класи.
Слично
