(ВИДЕО) Најдени тела и остатоци од рускиот авион кој се урна
Руските спасувачки екипи пронашле тела, остатоци од авионот и лични предмети на жртвите кои загинаа кога се урна авион неколку минути по полетувањето од Сочи.
Авионот се урна вчера за време на летот кон во Сирија. Загинаа сите патници и членови на екипажот, кои требаше да учествуваат на забавата за руските сили за Нова година во Сирија.
„Остатоците се пронајдени на длабочина од 27 метри на еден километар од брегот“- вели Римна Чернова, портпаролка на операцијата за потрага и спасување со седиште во Сочи.
Руската војска изјавија дека нуркачите извлекле делови од механизам за контрола на авионот.
Во несреќата загинаа 92 луѓе. Причините за несреќата се испитуваат, но она што е сигурно е дека не се работи за терористички акт.
