(ВИДЕО) Најдена е масовна гробница кај Харков, а илјадници нови гробови има и во Мариупол
Нова масовна гробница е откриена во Украина. Украинците пронајдоа масовна гробница со најмалку 17 тела во регионот на Харков. Гробот е оставен необележан, додека телата не биле завиткани пред да бидат погребани.
Гробницата е на само четири километри од руските позиции. Форензичарот Сергеј Шишков, вели дека мажите се убиени во руска офанзива на село во близина на границата на Харков со регионот Луганск во април.
Градскиот совет на Мариупол соопшти дека на градските гробишта, окупирани од руските сили, се појавиле илјадници нови гробови.
„Руските окупатори им ги одзедоа животите. Ни ја скратија можноста да го дознаеме датумот на смртта и местото каде се закопани нашите роднини“, стои во соопштението.
Претходно во Буча, Изјум и на други места во Украина беа откриени масовни гробници.
Имаше страшни сведошта за мачење на цивили додека населените места беа под руска окупација.
What appears to be a mass graveyard for thousands of people in Mariupol. No names, just numbers. pic.twitter.com/dVBTCPvghZ
— Dmitri (@wartranslated) October 26, 2022
