Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Наезда која може да предизвика сиромаштија и глад

(ВИДЕО) Наезда која може да предизвика сиромаштија и глад
Милиони скакулци во текот на својата миграција деновиве поминале низ главниот град на Мадагаскар, Антананариво. Појавата е многу чест проблем во африканските земји, а овојпат била забележана и на видео снимка. „Облакот“ од скакулци проминал покрај луѓето на улица, кои не биле многу вознемирени од оваа глетка. http://www.youtube.com/watch?v=cPTinawtqJo Сепак инсектите не се толку безопасни. Агенцијата за храна на Обединетите нации предвидува дека од наездата на скакулци би можеле да бидат загрозени дури 13 милиони човечки животи. Скакулците би можеле да ги изедат посевите на многу фарми и да предизвикаат глад и сиромаштија од огромни размери.
Слично

Поврзани вести