Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Надвозник граден за Светското првенство, се урна уште пред да заврши!

(ВИДЕО) Надвозник граден за Светското првенство, се урна уште пред да заврши!
Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени при уривањето на еден мост-надвозник во брзилскиот град Бело Хоризонте. Во овој град во вторник треба да се одржи првиот од полуфиналните натпревари на Светското фудбалско првенство, а надвозникот бил проект изграден токму за Мундијалот. http://www.youtube.com/watch?v=QQpK1wKP6jM Надвозникот уште не бил предаден за сообраќај, а при уривањето делумно затрупал еден локален автобус полн со патници, две товарни возила и еден патнички автомобил. http://www.youtube.com/watch?v=ahTz3GatMa4 Една од жртвите е жена-возач на автобусот кој поминувал под мостот. Надвозникот се наоѓа на само неколку километри од Минеирао стадионот, каде што се играат натпреварите од Светското фудбалско првенство и поминувал точно над главните сообраќајни рути што го поврзуваат стадионот со меѓународниот аеродром во Бело Хоризонте. Тој е еден од објектите чија изведба доцнеше и не стигна да биде пуштен во употреба пред стартот на фудбалското првенство. „Ова е неспособност на нашите власти и на нашите компании. Заради Светското фудбалско првенство брзаа за да завршат на време. Затоа се случи оваа трагедија. Не го прават ова како што треба. Сите се навистина лути заради ова“, вели Леандро Брито, банкар од Бело Хоризонте.  
Слично

Поврзани вести