(ВИДЕО) Надојдената вода во Шпанија носи автомобили, има шест жртви
Пороите во Шпанија носеа автомобили, а шест луѓе загинаа.
Невреме ја пустоши Шпанија од минатиот викенд. Десетици илјади луѓе ги откажаа патувањата.
Колку се страшни поплавите покажува видео објавено на социјалната мрежа Х од градот Корела на северот на Шпанија. Во видеото кое е направено денеска, може да се види како автомобилот се пробива низ водата која ја поплавува улицата.
Бурата Даниел ја погоди Грција, но и Либија. Во август имаше невреме во различни делови од Европа.
— Disaster News (@Top_Disaster) September 10, 2023
Слично
